Достигна до 31 бројот на заразени од коронавирус во Косово
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) доцна синоќа објави дека во текот на минатата ноќ во земјата се потврдени три нови случаи на лица носители на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 31, јави дописникот на МИА од Приштина.
Првин беше објавено дека тестовите за новиот вирус биле позитивни кај двајца жители на Гњилане, 20-годишен маж и 36-годишна жена, а околу полноќ ИШПК објави уште едно соопштение, во кое наведува дека присуството на вирусот е откриено кај уште еден 36-годишен маж од село во околината на Малишево.
Со овие три, бројот на новозаразени лица само во текот на вчерашниот ден достигна седум, откако претходно беше информирано за 32-годишен маж од село во близина на Урошевац, кој допатувал од Германија, и три жени, од кои две од Приштина, на возраст од 50 и 29 години и една 40-годишничка од Ѓаковица.
ИШПК објави и дека, од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, во нивната лабораторија за молекуларна микробилогоја, со соодветните методи, се испитани примероците на вкупно 567 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од вирусот Ковид-19, а само вчера се извршени 150 тестирања.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација