Достапни документи и информации од јавен карактер на веб страната на МЗ за поголема транспарентност и отчетност
На веб страницата на Министерството за здравство првпат се објавени и достапни повеќе документи и информации од јавен карактер, со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста, а согласно одлуката на 34. седница на Владата со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници да објават документи од делокругот на работа.
Од Министерството соопштија дека објавените документи се достапни на нивната официјална веб страница www.zdravstvo.gov.mk, во категоријата ПРЕС – листа на информации од јавен карактер, на следниот линк http://zdravstvo.gov.mk/lista-na-informacii-od-javen-karakter/
Меѓу документите достапни се: буџетот на Министерството за тековната и претходните години, ревизорски извештаи, годишни планови за јавни набавки, правилници за систематизација на работните места и правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на Министерството, органограм за внатрешната организација, листа на вработени со службени телефони и e-mail адреси и други информации од јавен карактер
Исто така, на веб страницата е достапен и календар на настани организирани од Министерството за здравство и јавните здравствени установи, кој тековно се ажурира.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина