-->
-->
Доста беше, Пирло кажа збогум на фудбалот
-->
Поранешниот италијански репрезентативец Андреа Пирло најави дека заминува во пензија, по завршувањето на сезоната во американската МЛС лига, поточно на крајот од оваа година.
Пирло има 38 години, во САД е од 2015 годна кога замина од Јувентус, а оваа сезона има сериозни проблемите со повредите.
„Самиот ќе разбереш кога е време да заминеш. Секојдневно имаш проблеми, не можеш да тренираш поради повредите. Треба да играат помладите играчи. На 38 години мислам дека е вистинско време да им ослободам простор. Не сум лут. На овие години треба да знаеше кога е време да се повлечеш. Невозможное да се гра до 50. Ќе работам нешто друго“, рекол Пирло.
Во декември тој ќе се врати во Италија, но сеуште не решил дали ќе остане во фудбалот и ќе започне да работи како тренер.
„Не значи дека ќе бидеш добар ако си бил добар фудбалер. Мораш целосно да му се посветиш на тоа. Потребно е и да се запали искра, а кај мене тоа не е случај“, дополнил Пирло.
Андреа Пирло кариерата ја за почна во Бреша, а во кариерата играл за трите најголеми клубови во Италија: Интер, Милан и Јувентус. Со Милан и Јувентус има освоено шест титули во Серија А и две во Лигата на шампионите.
За Италија одиграч 116 натпревари, постигнал 13 голови, а во 2006 година ја освои титулата светски првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина