Досие и за шестгодишни деца
Зарем министрите за внатрешни работи немаат попаметна работа, од тоа да отвараат досијеа за деца од шест до 14-годишна возраст?
Министрите за внатрешни работи на Германија и на сојузните покраини се заложија за надзор на апликациите за размена на пораки како популарниот ВатсАп или Вибер, како и за засилена контрола на малолетните баратели на азил.
Така надлежните служби во иднина ќе можат да зимаат отисок од прстите и на мигрантите од шест до 14-годишна возраст. Со примената на тие стандарди министрите сакаат и подобра координација во борбата против тероризмот.
Сојузниот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер оцени дека е постигнат голем напредок. Де Мезијер истакна дека меѓу сојузните покраини не би смеело да има несогласувања околу внатрешната безбедност.
- Донесовме одлука на нови основи да ја поставиме истрагата за потенцијални напаѓачи и проценката за опасност, додаде тој.
Единствена добра вест е дека пропаднало барањето на конзервативните Баварци тајната служба може да примени мерки за надзор и следење дури и на мали деца.
Но во иднина, за да се стегне обрачот, ќе можат да земаат отисоци од прсти на малолетници од семејствата кои поднеле барање за добивање азил во Германија. Зарем министрите за внатрешни работи немаат попаметна работа од тоа да отвараат досијеа за деца од 6 до 14 годишна возраст?
Пред се, тие треба да се погрижат децата на чии семејства е одобрен престој во земјата, редовно да одат на училиште и да научат германски. Така ќе има помали шанси да станат цел на религиозните фанатици.
Но и без тоа, договорите кои на состанокот го постигнаа министрите за внатрешни работи се тенки. Контролата на комуникациите преку ВатсАп е уште еден чекор кон поголем надзор на граѓаните. Кој може да гарантира дека тој надзор ќе се применува само во посебни случаи кога постои сомневање за тероризам?
Се на се, внатрешната безбедност, а пример не е само Велика Британија, моментно е важна предизборна тема. Три месеци пред изборите за Бундестагот, министрите од редовите на СПД и ЦДУ настојуваат да ги профилираат своите партии како гаранти за безбедност.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз