Балкан
12. January 2017 - 14:35

Досега за спогодбата меѓу ЕУ и Турција се доставени 2,2 милијарди долари

Европската комисија соопшти дека, од она што е договорено помеѓу ЕУ И Турција околу миграцијата, досега се доставени 2,2 милијарди од вкупно предвидените три милијарди евра.

Обезбедените средства се наменети за хуманитарна и други видови финансиска помош.

Спогодбата предвидува средствата од ЕУ (една милијарда евра од европскиот буџет и две милијарди од националните буџети на државите од Унијата), да бидат потрошени за сириските мигранти на територија на Турција. Со тие средства досега е обезбедена хуманитарна помош и се создадени можности за образование на 70.000 сириски деца.

На најранливите категории им се дадени и платежни картички.