Македонија
3. јуни 2020 - 11:24

Досега околу 100 нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа од Институтот за јавно здравје.

Истите извори посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.