Џет-Сет
16. February 2017 - 17:32

Досега невидени фотографии: Цеца со малечките Вељко и Анастасија во зоолошка галат лавови

Иако сега како возрасни се под лупа на јавноста поради статусот на најголема балканска ѕвезда што го носи нивната мајка, сепак Цеца Ражнатовиќ отсекогаш се трудела на своите наследници Анастасија и Вељко да им пружи нормално детство.

Тоа го докажуваат и фотографиите настанати во мај далечната 2009 година, кога екипата на магазинот “Блиц плус“ ги фотографираше Цеца, Вељко и Анастасија во прошетка низ белградската зоолошка градина.

Вељко тогаш имал 13 години, бил многу темпераментен и без страв ги галел животните, а Анастасија имала 11 години и била по срамежлива и повлечена.