Живот
8. February 2016 - 23:15

Досега невиден феномен: Облаци паднаа на земјата

Граѓаните во мароканскиот регион Дукале на северозападот од земјата со мобилен телефон снимиле многу необичен феномен.

На ЈуТјуб се појавија снимки од необична појава во Мароко. Имено жителите на оваа област забележале облаци пена кои паѓаат од небо.

Според зборовите на сведоци, облаците пена се појавиле пред неколку дена и во другите делови од земјата, а некои наведуваат дека оваа појава била проследена и со чудни звуци.

Метеоролозите наведуваат дека пената е од вештачко потекло, што го зголемува сомнежот дека појавата е последица на тестовите од геоинженеринг и вештачка контрола на времето.