Досега нема никаква потврда дека 83 криминалци со оружје сакаат да ги попречуват изборите, вели Ангеловски
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Сител рече дека досега нема никаква потврда дека 83 криминалци со оружје сакаат да ги попречат изборите. Ваква информации соопшти Основното јавно обвинителство, посочувајќи дека до нив од американската Амбасада пристигнал допис. Оваа информација до амбасадата на САД во Скопје пристигнала од член на една политичка партија.
- Не е пријавата од американската Амбасада, туку е од лице од политичка партија која што доставила до нив вакви информации. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности во координација со Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и апсолутно досега нема никаква потврда за ваквите информации. Како што гледате и самите гласачкиот процес се одвива безбедно без какви било посериозни нарушувања и апелирам до граѓаните да не се вознемируваат, напротив слободно да излезат на гласачките места, да го изразат своето гласачко право, а МВР ја гарантира безбедноста на целиот изборен процес, рече Ангеловски.
Рече дека досега не се забележани поголеми инциденти, но како најинтересен го извдои случајот во Росоман каде 61-годишна жена позитивна на Ковид отишла на гласање. Таа ќе добие кривична пријава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација