Бизнис
10. March 2016 - 15:32

Досега 8.000 струмичани поднеле годишна даночна пријава

Осум илјади граѓани на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село поднеле годишна даночна пријава, соопштуваат од УЈП Струмица. Надлежните апелираат до граѓаните да ги искористат преостанатите денови до 15 март за да пријават дополнителни приходи до даночното одделение.

Во даночната пријава влегуваат и приходи што се остварени преку игрите на среќа, од интернет или е – трговија, прогнози, дојави на типови за спортски натпревари како и лични примања од странство.

Доколку граѓаните не ја исполнат оваа законска обврска, или нецелносно ги пријават приходите, следуваат парични казни од 100 до 200 евра во денарска противвредност. За сите оние кои досега не поднеле пријава вратите на даночното одделние во Струмица се отворени секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14 часот. Минатата година во струмичкиот регион биле поднесени околу 17.000 даночни пријави.