Македонија
26. April 2020 - 18:35

Досега 500 пациенти излекувани од Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил попладнево објави дека до денеска во земјава вкупно 500 пациенти оздравеле од КОВИД-19.

– Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства. За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме, напиша министерот Филипче на фејсбук.