Дора Бакојани кандидат за генерален секретар на СЕ
Поранешната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, објави денеска организацијата.
Повикот за поднесување на кандидатури за заменик на актуелниот генерален секретар, Торбјорн Јагланд е завршен. Четворица кандидати се пријавиле, меѓу нив и Дора Бакојани, која беше шефица на грчката дипломатија кога Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО во 2008 година.
Другите тројца кандидати се белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус.
Конечната одлука треба да биде донесена до јуни годинава, а новиот генерален секретар на Советот на Европа ќе ја преземе функцијата во октомври.
Советот на Европа е европска организација различна од Европска унија, таа брои 47 членови, меѓу кои и Македонија и се занимава со човекови права и демократија.
МИА
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење