Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
Владата соопшти дека се обезбедени дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар.
Одлуката е донесена по разговорите и средбите со оризопроизводителите.
-Земјоделците конечно добија партнер во Владата. Се донесе одлука за дополнителна поддршка на оризопроизводителите по 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и субвенции од 18 000 денари од хектар. Се обврзавме дека ќе го вратиме достоинството на земјоделците, ќе бидеме нивен партнер и ќе ги слуша нивните барања ќе ги и решава нивните проблеми. Денес, по седум години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она што го заслужуваат, наведува владината прес-служба.
Според Владата, изминатите седум години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ
-Денеска таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува. Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците. Владата е земјоделска, ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен