Бизнис
29. April 2020 - 16:33

Дополнителни 100 милиони евра, од кои 50 милиони од Светската банка за зачувување на работните места

Со вбризгување на дополнителни 100 милиони евра, од кои половината се заем од Светска банка, Владата ги олесни критериумите за мерката – исплата на плати до 14.500 денари. Според владините очекувања, пофлексибилните услови ќе им помогнат на компаниите полесно да ја пребродат кризата и ќе се зачуваат до  250 илјади работни места. Првата новина е дека ќе можат да аплицираат сите фирми, од сите дејности, со што не мора да го задржат постоечкиот број вработени, односно можат да отпушат најмногу 15% во зависност од големината на компанијата. Втората промена е што најпогодените сектори – туризам, угостителство и транспортот ќе можат да користат и минимална плата и 50% субвенција за плаќање придонеси и последната новина е што парите не мора да се враќаат, под одредени критериуми.

 -Компаниите што не оствариле добивка во 2020 година нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка, како што и првично беше предвидено. Промената е кај компаниите што ќе остварат добивка во 2020 и имаа обврска да вратат до 50 проценти од она што го оствариле. Тие сега со новината ја немаат таа обврска доколку истата сума што ја добиле како субвенција од државата ја вложат во својот процес и во вработените.Услов е тоа да се здрави компании, да имаат остварено добивка во изминатите две години, да ги исплатиле обврските кон УЈП и да немаат доспеани ненаплатени кредити со рок од над 90 дена, изјави Нина Ангеловска, министер за финансии.

Работодавачите кои сакаат да ја користат мерката треба да поднесат барање преку е-даноци до 7 мај за априлските плати, односно до  7 јуни за платите во мај. Тонско Сања. барањето УЈП ќе го потврди во рок од три дена од денот на прием

За опозицијата оваа мерка е поразителна, со фактот што веќе 3 пат се менуваат условите за користење, и повторно не е јасна кој и од кога може да ја користи,  во време кога сите останати држави излегоа си вистински сет мерки за помош на економиите.

Според првиот човека на Светска банка за Македонија, Мантонавели, мерката ќе им помогне на компаниите полесно да ја пребродат кризата и да задржат задоволителен број вработрени. А токму Светска банка во најновиот извешај е со 2 сценарија за македоснката економија. Ако епидемијата заврши побрзо и мерките се олабават до крајот на јуни, економијата ќе биде во негатива од 1,4%. Според , неповолното, ако кризата потрае и мерките се укинат кон крајот на август , БДП ќе заврши во минус од 3,2%. Со што тогаш Владата би  требало да одвои повеќе пари за поддршка на бизнисите и домаќинставта се наведува во извештајот на Светска Банка.