Бизнис
9. November 2018 - 8:32

Дополнетиот ребаланс на Буџетот од денеска на пленарна седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне расправата по дополнетиот предлог  ребаланс на Буџетот за 2018 година, што Владата го усвои на 5-ти овој месец вклучувајќи ги осумте амандмани прифатени при расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Ребалансот на Буџетот беше прифатен од Владата на 13 октомври, а матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет ја почна расправата на 29 октомври.

Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување (АВРМ).

Ревидирањето на планираните проекции на приходите е пред се резултат на намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава.

Расходната страна на Буџетот е корегирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто.

До 15-ти овој месец до Собранието треба да биде испратен и буџетот за 2019 година. Законски е утврдено дека Владата треба да го усвои и да го испрати до Собранието до 15 ноември, а буџетот во Собранието да биде изгласан до 31 декември во годината.