Бизнис
13. December 2017 - 12:23

Дополнетиот Предлог-буџет испратен до Собранието, повеќе пари за гасификација и за лекови

Владата на Република Македонија го усвои и го испрати до Собранието на понатамошна процедура дополнетиот Предлог-буџет за 2018 година.

Како што информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, во дополнетиот Предлог-буџет се вградени шесте амандмани поднесени од пратениците и прифатени во амандманската расправа. Обезбедени се дополнителни средства за гасификацијата, Фондот за здравствено осигурување, за детските градини,основните и средни училишта и културните установи, Инспектоартот за животна средина.

- Обезбедени се 120 милиони денари за гасифиакцијата, 200 милиони денари за детски градинки, основни и средни училишта и културни уставно, 100 милиони денари за Фондот за здравствено осигурување за набавка на лекови и 10 милиони денари за Инспекторатот за животна средина, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Средствата за овие ставки се обезбедени со реалокација на средствата во тие рамки.

Со дополнителниот предлог-буџет сумата на расходите останува непроменета на 3,43 милијарди евра.