Бизнис
8. January 2019 - 21:35

Донесен законот за заштита на потрошувачите при договори за брзи кредити до 200 евра

Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите при договори за брзите кредити до 200 евра. Со ова законско решение се ограничуваат вкупните годишни трошоци на 55 отсто од кредитот. Претходно, овие трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто.

Сепак, дел од пратениците побараа ваквите услови и ограничувања да се применат и кај сите останати кредити. Особено кај кредитните картички, каде провизиите се доста големи.

Панче Минов, како предводник на овој предлог, рече дека Народна Банка не врши регулација на каматите и провизиите кои ги даваат банките. Според него, граѓаните се принудени дополнителни да се позајмуваат за да ги вратат парите

Забелешки имаше и за високите приходи на банките.

Досега, за брзите кредити - клиентите плаќаа двојно или тројно повисоки суми од главнината. Постоеја случаи каде за кредит од 12.000 денари на два или три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000.