Македонија
18. December 2018 - 19:04

Донесен законот за амнестија за 27. април - за законот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Едногласно со 95 гласа ЗА, Собранието го донесе законот за амнестија за 27 април. Со законот не се опфатени организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, оние кои носеле оружје и фантомки како и службените лица кои ги пречекориле своите овластувања. Според предлагачите со политичката одлука не сакале да го попречат судскиот процес.

-Зекир Рамчиловиќ, независна пратеничка група.

Непосредно пред гласањето пратеникот Илија Димовски рече дека тој и Панче Минов се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.

-Илија Димовски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ

За законот гласаа и пратеници од ВМРО ДПМНЕ иако претходно пратеничката група најави амандман со кој бараа целосна, а не селективна амнестија.

-Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Инаку според законот сите обвинети за 27 април имаат право во рок од 5 дена по стапувањето на законот во сила да поднесат индивидуални барања за амнестија, а одлуката ја носи судот на предлог на обвинителството.