Кошарка
28. December 2022 - 9:58

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.

Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.

Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

Кошаркарот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА.

Далас го доби натпреварот со 126:121 по продолжение.