Loading Video...
Кошарка
22. January 2020 - 16:02

Дончиќ подобар од Ленард, но Клиперси го победија Далас

Само еден натпревар беше одигран минатата ноќ во НБА лигата и тоа дербито меѓу „Клиперси“ и „Маверикс“ 
 
Дуелот меѓу претендентите за највисок пласман од Западната конференција кој се играше во „Степлс Центарот“ во Лос Анџелес го оправда приматот на дерби. На крајот се радуваа кошаркарите на ЛА „Клиперс“ со конечни 110-107. 
 
Двата тима имаа свои добри периоди, но во финишот се влезе во израмнета битка. Гостите имаа и шанса да се изборат за продолжение, но обидот на Хардавеј на 16.секунди пред крајот со тројка да го израмни резултатот заврши безуспешно, па домаќините можеа да почнат да слават. 
 
Иако индивидуалниот дуел на најдобрите играчи на двете екипи го доби гостинскиот кошаркар Лука Дончиќ кому му недостасуваше една асистенција да оствари трипл-дабл. 
 
Словенецот  мечот го заврши со 36 поени, 10 скокови и 9 асистенции, а Кави Ленард на 36 поени и 11 скокови придодаде само 2 асистенции. 
 
Со четвртата победа во низа и вкупно 31 во сезоната тимот на ЛА Клиперси е на 2.место во Западната конференција зад градскиот ривал „Лејкерси“ кој има три победи повеќе. 
 
Далас ја прекина низата од четири победи и остана на 5.место.