Македонија
16. May 2020 - 16:28

Дончев вели дека е достапен за истрагата во врска со исплатите од фирма регистрирана во струмичко Муртино

Фирмата која од поранешниот директор на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев добивала  консултантски услуги, а за која обвинителството отвори предмет има канцеларии и во Струмица. Според регистрацијата таа е со седиште во струмичкото село Муртино, но нејзини канцеларии се наоѓаат и во трговскиот центар Глобал. Компанијата стана актуелна во јавноста откако неделникот Фокус објави дека  лани на екс директорот на Фондот за здравство му исплатила околу 50 илјади евра за 6 месеци што се косело со законот за спречување корупција и судир на интереси.  Од обвинителството вчера потврдија дека за овој случај веќе отвориле предмет.

Во телефонски разговор за Сител  Ден Дончев рече дека се што имал да каже поврзано со овој случај го соопштил пред неколку дена. потврди дека со оваа фирма има повеќегодишна соработка и дека консултантските услуги што ги има дадено за австралиската фирма Мегантик се најуредно пријавени во управата за јавни приходи за кои  бил платен соодветниот данок. Тој информираше дека фирмата во Македонија била регистрирана и работи  од 2012 година и моментално вработувала околу 50 лица од Струмица. Нејзината работа била единствено по принципот на аутсорсинг со австралиската компанија  и не остварувала никаков приход од пазарот во Македонија, туку своите услуги ги наплаќала од фирмата во Австралија. Токму затоа тој не гледа никаков конфликт на интереси во неговиот ангажман.

Од опозициската  ВМРО ДПМНЕ денеска прашаа  Зошто и кој го штити Дончев,  што чекало јавното обвинителство една година и зошто до сега не била отворена истрага против него.

Отворање на Постапка за поранешниот директор на фондот за здравствено осигурување најавија и од државната комисија за спречување корупција.