Македонија
20. September 2019 - 16:10

Дончев: Немало обид за разуверување на шведската компанија да ја купи Дијамед

Директорот на Фондот за здравство тврди дека не ја спречувале шведската фирма да ја купи Диамед. По кривичната пријава од сопственичката на компанијата која стопанисуваше со Центрите за дијализа, Ден Дончев на прес конференција истакна дека само ги предупредувале швеѓаните од Диаверум и преку писма и на состаноци за можни правни последици по нив бидејќи се сомневале за криминал во издадената концесија на 20 години за што државата треба да плати 200 милиони евра.

-Небулозно е тврдењето за нанесена штета. Нема обид за блокирање на шведската фирма да влезе во Македонија. Сомнително е што македонската фирма станува странска фирма, истакна Ден Дончев, директор на ФЗО.

На прашањето дали Ден Дончев заедно  со второосомничениот во Рекет Зоран Кичеец вршеле притисок наместо на Диаверум, Диамед да биде продадена на албанска фирма, директорорт на фондот негираше и рече дека Кичеец го знаел од јавноста.

-Не не е точно, рече Дончев.

За концесијата на Диамед да раководи со дел од Центрите за дијализа обвинителството води истрага речиси една година.

Од друга страна поранешната сопственичка на Диамед ги тужи Ден Дончев и Венко Филипче за злоупотреба на нивната положба и обид да спречат продажба на фирмата на шведски Диаверум која сепак преде неполна година е продадена за 11, 5 милиони евра. Од нив 9 милиони биле префрлени на сметка во Монако. Парите се замрзнати додека трае истрагата.