Македонија
19. јуни 2019 - 17:11

Донаторска акција, компаниите да го донираат вишокот на храна

30 % од храната во нашата земја завршува како отпад, иако дури 460.000 македонски граѓани ги немаат сите оброци. Доставување на вишокот храна на луѓето на кои што им е потребна ќе резултира со намалување на сиромаштијата, констатираа учесниците на “Донаторската конференција на 50 најголеми компании за храна”.

За зголемен пристап до сите граѓани, новите законски измени предвидуваат храната наместо да се фрла, да се донира во хуманитарни цели.

12 .000 тони храна завршуваат на отпад на годишно ниво во нашата земја, иако со тоа би се нахраниле 26.000 наши граѓани.

За дистрибуција на вишокот храна до граѓаните на кои што им е потребно тоа, во моментов се грижи мрежата “Сите Сити”, која што е составена од 31 организација распоредена во 10 градови во земјава. На месечно ниво, на овој начин се обезбедува храна за околу 7000 наши граѓани.