Фудбал
12. July 2021 - 8:58

Донарума прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020.

Наградата на 22-годишникот му ја врачи претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин.

На последниот натпревар против Англија, Донарума ги одбрани двата последни удари во пенал-серијата и е најзаслужен за освоениот трофеј на неговата репрезентација.

Донарума излезе како победник од сите пет досегашни пресметки кои се одлучуваа со пенали. Три од нив се со Милан, а две со репрезентацијата на Италија.