Свет
18. April 2018 - 14:52

Доналд Туск следната недела во посета на земјите од Западен Балкан

 - Претседателот на Европски совет Доналд Туск, ќе ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во рамките на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Туск од 24 до 28 април ќе ги посети земјите од Западен Балкан. 

- Пораката до нашите пријатели е јасна: Европска унија е и ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит би требало да биде потврда за европската перспектива на регионот. И што е уште поважно, би требало да се подобрат, на конкретен начин, врските внатре во регионот, истакна Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент, посветен на Западен Балкан.