Доналд Туск ја предупредува Британија против сценарио „Брегзит без договор“
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја предупреди Велика Британија дека заканите за сценариото за „Брегзит без постигнување договор“ со ЕУ, нема да ја исплаши Унијата.
- Ваквото сценарио би било лошо за сите, но тоа пред се е лошо за самата Британија, изјави Туск, сугерирајќи дека целта е во преговорите да се спроведе „мазен развод“ меѓу Лондон и Брисел, како меѓу двајца „добри пријатели“.
Изјавата на Туск пред пратенците во Европскиот Парламент е реакција на интервјуто на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за Би-Би-Си во кое рече дека Британија и нејзнината економија се толку силни, што на земјата ништо нема да и фали и ако излезе од ЕУ, без да постигне договор за Брегзит.
Претходно, со сличен тон зборуваше и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, и обајцата предводници на кампањата за напуштање Унијата.
Според Туск, ЕУ внимателно се подготвува за Брегзит, за да биде спроведен на конструктивен начин, но и предупредува на штетата што може да ја направат изјави за сценарија, според кои излегување „без договор„ е добро за Британија, а лошо за ЕУ.
Реакцијата на Туск доаѓа откако двата дома на британскиот Парламент го усвоија законот за Брегзит, по долга дебата и спротивставени гледања за конечниот текс на законот.
Сега останува премиерот Тереза Меј да одлучи кога ќе го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, за почнување на процесот на излегување од ЕУ.
Претходно, медиумите блиски до антиевропската кампања и до владеачката Конзервативна партија, навестуваа покренувањето на Брегзит на 15 март, но Даунинг стрит 10 соопшти дека, процесот ке почне на крајот од овој месец, како што тоа и претходно беше навестено.
Лондонски „Сан“ сега тврди дека процесот ќе почне на 27 март, два дена по специјалниот Самит на Унијата, псветен на прославувањето на 60 годишнината од создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ) која е основата на денешната ЕУ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер