Loading Video...
Свет
27. October 2019 - 16:45

Доналд Трамп потврди -убиен лидерот на ИСИС , Абу Бакр ал -Багдади

Американскиот претседател соопшти дека неговите воени сили во текот на минатата ноќ успеале да убијат еден од водачите на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади. Неговата егзекуција се случи за време на синоќешната воена операција на САД во северозападна Сирија.

Американскиот претседател уште синоќа ги подгреа шпекулациите кога на својот Твитер профил напиша “Штотуки се случи нешто големо”. Но, за официјална потврда дека е убиен озлогласениот водач на ИСИС, во Белата Куќа ги чекаа резултатите од ДНК и биометриските анализи.

Трамп со гордост изјави дека за време на мисијата ниту еден амеркански војник не загинал, додека многумина соборци на Багдади биле убиени заедно со него.

За време на мисијата, кога американските трупи стапија во борба со водачот на ИСИС, вклучени биле хеликоптери, воени авиони и беспилотни летала.

Багдади во последните пет години се криеше, а последен пат во јавноста се појави во јули 2014 година, кога зборуваше во Големата џамија во Мосул.