Свет
12. October 2015 - 11:09

Доналд Трамп: Она што го прави Меркел за бегалците е „неразумно“

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп изјави вчера во интервју за телевизијата Си-Би-Ес дека она што го прави германската канцеларка Ангела Меркел во корист на мигрантите е „неразумно“.

- Не ми се допаѓаат миграциите. Не ми се допаѓаат луѓето кои пристигнуваат...Ќе има бунтови во Германија. Она што прави таа во Германија е неразумно, истакна Трамп.

Американскиот милијардер, кој веќе даде спорни изјави за мексиканските мигранти во САД, нагласи дека „несомнено“ не е против прифаќањето на 10.000 бегалци во САД, но „200.000 лица би претставувало најголемиот Тројански коњ доколку се докаже дека тие луѓе се од Исламска држава“.

Германија очекува да прифати меѓу 800.000 и еден милион бегалци оваа година и Меркел тврди дека земјата е способна да се справи со проблемот.

Трамп како решение предлага создавање на забранета зона за летови во северниот дел на Сирија, каде ќе се прифаќаат бегалците.

На прашањето за дејствувањата на Русија во Сирија, Трамп одговори дека „додека Русите ја напаѓаат ИД, тој целосно ги поддржува“.