Свет
10. February 2017 - 21:19

Доналд Трамп: Не се сомневам дека ќе победиме во случајот околу забраната за патување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека неговата администрација ќе го доби случајот во врска со контроверзната забрана за патување, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

- Ние ќе ја гарантираме безбедноста на нашата земја. Ние ќе направиме се што е потребно за да биде сочувана безбедноста на нашата држава, објасни Трамп. Тој истакна дека ќе направи „нешто" што ќе обезбеди „дополнителна безбедност" за САД, а што ќе биде тоа ќе го открие „некаде следната недела".

- Не се сомневам дека ќе победиме во овој конкретен случај, истакна Трамп. Тој додаде дека неговата администрација нема да дозволи во земјата да влезат луѓе кои сакаат да го повредат американскиот народ.