Доналд Трамп ќе го прифати резултатот од претседателските избори, ама ако победи
Републиканскиот кандидат за Белата куќа Доналд Трамп изјави денеска дека ќе го прифати резултатот од претседателските избори, ако ги освои, или ако резултатот е јасен, но го задржува правото да ги оспорува.
- Сакам да ветам и им ветувам на сите мои гласачи и поддржувачи, и на сите луѓе во САД дека целосно ќе ги прифатам резултатите од овие големи и историски претседателски избори, изјави Доналд Трамп на митингот во Охајо, направи пауза и додаде: ако победам.
Минути подоцна тој продолжи: Ќе прифатам јасен резултат од изборите, но го задржувам правото да ги оспорувам и да активирам судска постапка, ако резултатот е сомнителен, пренесе БТА.
Во синоќешната дебата со противничката Хилари Клинтон, Трамп одби да одговори дали ќе прифати евентуалнен пораз од неа.
- Ќе ви кажам кога ќе дојде времето. Ќе ве држам во неизвесност, рече тој.
Клинтон веднаш ја осуди неговата позиција со зборовите: Тоа е ужасно, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април