Loading Video...
Свет
21. August 2019 - 17:37

Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска бидејќи не сака да разговара за Гренланд

Доналд Трамп на 2 септември нема да отпатува во дводневна официјална посета на Данска. Американскиот претседател ја откажа посетата поради како што објасни незаинтересираноста на данските власти да разговраат за неговата понуда САД да го купи  Гренланд. Идејата за купување на островот првиот човек на САД  ја соопшти пред неколку денови, а данските власти веднаш му одговорија на Трамп дека Гренланд не е на продажба.