Loading Video...
Свет
2. October 2020 - 16:30

Доналд Трамп и Меланија позитивни на корона

Американскиот престедател Доналд Трамп и првата дама Меланија се позитивни на ковид. На твитер Трамп објави објави дека тој и неговата сопруга се во карантин и дека се надева дека брзо ке го надминат тоа. Брачната двојка се тестираше еден ден откако симптоми на корона пројави блиската соработничка на престедателот, 30-годишната Хоуп Хикс. Таа како советник за комуникации последниве денови  беше во постојан контакт со Трамп, но и со целото семејство. Хикс дури и ги придружуваше во авионот, на дебата со Бајден во Кливленд, Охајо. Како што забележуваат медиумите никој од нив не носел маска. Останува нејасно дали Трамп веќе бил инфициран кога бил на подиумот со Бајден и дали сега и тој треба да оди во изолација. Јавноста остро го критикува Трамп дека не го следел протоколот за носење маска и несериозно ја сфатил болеста.

Јавноста се прашува дали има и други заразени во Белата Куќа, но и други кои биле во контакт со прстедателот. Само неколку часа пред да се тестира, Трамп присуствувал на хуманитарен настан каде во затворена просторија се сретнал со голем број луѓе. До изборите остануваат само трисетина дена и допрва ке се види како новонастанатата ситуација ќе се одрази врз  кампањата. Лекарот на Трамп вели дека тој е во добра состојба и може од дома да ја врши функцијата. Според законот, доколку неговата состојба се влоши должноста ја презема потпрестедателот Пенс, кој во понеделник имал средба со Трамп. Во случај  двајцата да бидат онеспособени, власта ќе ја преземе претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. Голем број државници меѓу кои премиерот Заев, но и рсукиот престедател Путин му испратија на Трамп пораки за брзо оздравување.