Свет
12. September 2015 - 11:10

Доналд Трамп го обвини Барак Обама дека манифестира слабост во однос на Украина

Милијардерот Доналд Трамп, кој е кандидат за партиската номинација на републиканците за претседателските избори во САД во 2016 година, го обвини Барак Обама дека неговата поддршка за Украина е млака и дека не е почитуван од рускиот колега Владимир Путин.

- Нашиот претседател не е силен и не прави се што треба за Украина, изјави Трамп во видеопораката емитувана на меѓународна конференција во Киев.

- Тоа е поддршка со половина уста и ништо повеќе, додаде тој пред стотици странски инвеститори и дипломати.

Трамп освен тоа изрази жалење што САД не делуваат доволно цврсто кон Владимир Путин.

- Дел од проблемот меѓу Украина и САД доаѓа од тоа што Владимир Путин воопшто не го почитува нашиот претседател, изјави Трамп.