Loading Video...
Свет
24. јуни 2020 - 16:34

Доналд Трамп ги нарече демонстрантите левичарски насилници

Доналд Трамп ги нарече демонстрантите левичарски насилници. Протестите за расна нетолеранција и полициски бруталност според американскиот претседател ги нарече антиамерикански. Демонстрантите протестираа  за време на предизборниот митинг на млади приврзаници во западната држава Аризона. Трамп смета дека левичарскиот народ како што ги нарече, се обидува да создаде хаос и неред во земјата под изговор дека протестираа за расна нееднаквост.

„Тоа не е однесување на мирно политичко движење. Тоа е однесување на тоталитаристите и диктаторите и луѓето кои не ја сакаат нашата земја.Тие ги мразат нашите вредности и тие ги мразат сето она што ние го наградуваме како Американци. Ние не се поклонуваме на левичарските насилници“, рече Трамп пред собирот.

Советскиот народ стави крај на холокаустот, го спаси светот од фашизмот порача претседателот на Русија рускиот претседател Владимир Путин од воената парада во Москва. На црвениот плоштад се славеше  75-годишнината од победата во Втората светска војна. Оваа победа ја одредила иднината на планетата за многу години и останала запишана како најголем подвиг порача Путин.

Во текот на говорот, беше одржано и едноминутно молчење во чест на загинатите херои. Путин  нагласи дека денес светот се соочува со нови закани и може да се зачува само со заеднички напори.На парадата продефилираа 14 000 лица, 200 воени возила и 75 авиони а беа презентирани и повеќе од 20 нови модели на воена опрема. Парадата инаку требаше да се одржи на 9 мај но беше презакажана поради пандемијата.

На Балканот повторно расте бројот на заразени, Бугарија ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус. Минатата недела регистрирале 606 нови случаи што било најголемото неделно зголемување од почетокот на епидемијата. Во последното деноноќие се регистрирани 130 случаи а вкупниот број заболени е 4 114.  Хрватска ги заострува мерките за влез во државата за државјани на дел од земјите од балканот меѓу кои се и македонските. По влез во Хрватска најверојатно ќе се оди во 14 дневен карантин. Во Грција ќе има соби за карантин за туристите кои ќе заболат од вирусот. Ваква одлука донесоа грчките власти како одговор на барањата од хотелиерите.