Македонија
21. December 2016 - 14:06

Донација за заштеда на енергија за училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје доби донација од Балкан енерџи груп во вредност од 120.000 денари со кои ќе се набави опрема за заштеда на енергија. 

Опремата ќе придонесе за заштеда на енергија, а средствата кои по оваа основа ќе ги заштеди училиштето ќе може да ги пренамени и искористи за задоволување на други потреби на своите штитеници. 

Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат 50 ученици од целата држава. Во рамки на училиштето функционира и интернат кој обезбедува престој и постојана грижа за дел од учениците.