Донација за Детското одделение во кумановската општа болница
Донација од нови медицински апарати, душеци, постелнини и дополнителна опрема, пижами и посетлнина денеска донираше компанијата „Жито Лукс“ за Детското одделение на кумановската општа болница.
Сашка Неделкова од компанијата „Жито лукс“ објасни дека донацијата ќе послужи за подобрување на условите во Детското одделение во кумановската болница и дека е резулатат на повеќемесечни заложби и посветност, и од страна на компанијата и од граѓаните кои секојдневно ја поддржувале мисијата од почетокот до крајот на акцијата.
Директорот на болницата, Ариф Латифи истакна дека донацијата е значајна за подобрување на условите на болницата, конкретно за Детското одделение за децата-пациенти кои ќе добијат подобри здравствени услови, грижа и нега на одделението.
- Се надеваме дека во иднина и другите граѓани ќе реализираат слична иницијатива и ќе ни помогнат како болница, односно здравствена инситуција, изјави Латифи.
Во Кумановската болница здравствени услуги добиваат граѓаните од североисточниот регион, односно приближно 250 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо