Донација од Министерството за внатрешни работи за три здравствени установи
Министерот Наќе Чулев денеска во име на Министерството за внатрешни работи предаде заштитна опрема и средства за три јавни здравствени установи. Донацијата се состои од заштитни одела, маски и ракавици, а е намената за медицинскиот персонал во ЈЗУ „8-ми септември“, Институтот за јавно здравје и ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ (Ургентен центар).
При предавањето на донацијата министерот Чулев потенцираше дека докторите и медицинскиот персонал го даваат својот максимум и секојдневно го ризикуваат своето здравје за да спасат што е можно повеќе животи.
„Тие, заедно со полицијата, се во првите борбени редови во битката која сите заедно мора да ја добиеме. Затоа ја заслужуваат сета наша почит, но и сета наша помош и поддршка која што можеме да им ја обезбедиме. Нивното здравје и нивната безбедност се од суштинско значење во моментов. Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е одржувањето на социјалната дистанца“, нагласи Чулев.
Министерот Чулев апелираше до граѓаните да се воздржуваат од контакти и да внимаваат да не се изложуваат на непотребни ризици односно да ги почитуваат донесените мерки и да останат во своите домови.
Од денеска стапуваат на сила новите мерки. Забраната за движење стапува на сила од 16.00 до 05.00 часот.
„Да бидеме совесни и сите да го дадеме сопствениот придонес во битката која што ја водиме и која што мора заедно да ја добиеме. Внимавајќи на сопственото здравје, Вие внимавате и на здравјето на вашите најмили, вашите соседи и вашите пријатели. Да останеме дома и да им помогнеме и на здравствените работници.Министерството за внатрешни работи, полицијата и јас лично, Ви стоиме на располагање и во секој момент може да побарате помош, заклучи Чулев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација