Македонија
9. August 2016 - 15:58

Донација од Комерцијална банка за настраданите во поплавите

Комерцијална банка АД Скопје уплати 2.000.000,00 денари на солидарната жиро сметка на Црвенот крст на Република Македонија за настраданите од поплавите. 

Како што информираат Банката во текот на утрешниот ден ќе организира и достава на 25.000 литри вода за пиење, а вработените на Банката во организирана акција за помош на настраданите во поплавите ќе поделат и пакети со конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција и други средства неопходни за ублажување на состојбата.