Донација од Бугарија за поддршка на студенти со попреченост на Филозофскиот факултет
На Филозофскиот факултет во Скопје вчера беше презентирана опремата добиена во рамки на проектот „Служба за поддршка на студенти со попреченост и работилница за изработка на дидактички материјали“ што факултетот го реализира во партнерство со Здружение на граѓани за едукација на млади План Б. Проектот е финансиран од програмата „Бугарска соработка за развој“.
На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Бугарија ,Ангел Ангелов, претседателот на Здружение на граѓани за едукација на млади План Б, Димитар Нацоски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев.
За значењето на сервисот за поддршка на студентите со попреченост и работилницата за изработка на дидактички материјали, како и идните планови за креирање поинклузивна клима на Универзитетот, зборуваше раководителката на Институт за специјална едукација и рехабилитација, проф. д-р Наташа Станојковска-Трајковска. Настанот беше поддржан и од министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во рамки на проектот, Филозофскиот факултет во Скопје, односно Институтот за специјална едукација и рехабилитација, добива опрема и асистивни уреди (Брајов принтер, 3Д принтер, два персонални компјутера со тастатури прилагодени за студенти со засегната фина моторика, два колор печатачи, машинка за пластифицирање и рачен нож за хартија).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација