Македонија
6. April 2020 - 14:23

Донација од 100.000 маски и 5.000 скафандери од унгарската влада

Унгарија  на Македонија и донираше 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери. Донацијата лично ја врача унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто, кој во Скопје  пристигна со воен карго авион.  Заштитната опрема која ја испорача Унгарија е наменета за заштита на полициските и здравствени работници. Сијарто потенцираше дека освен за Македонија,  помош пратиле и за Словенија, Србија и Хрватска, за да се обезбеди стабилноста на регионот,  кој не е соочен само со корона вирусот туку и  со можен мигрантската бран.

Со оваа донација сакаме да помогнеме во борбата со оваа светска криза. Ние водиме одговорна политика кон соседите и на сите им дадовме помош. Ако овие земји ослабат во било кој поглед тогаш и нивните капацитите за одбрана се намалуваат. Доколку во таква ситуација се соочат со една мигрантска криза нема да можат да го запрат тој притисок. А ние имаме интерес со тој притисок да се справуваат што подалеку од нас. Затоа успеавме да ја донесеме оваа помош. Ние имаме одлична соработка со Кина од каде постојано пристигнува медицинска опрема.

Освен Унгарија, најавена е помош од  Норвешка и Холандија. Пратка со заштитни маски и тестови најави и Турција, а позотивно на македонското барање за помош одговори Кина, но засега не се знае кога и што ке добиеме од Пекинг. Словенија веке испрати помош,  а ЕУ обезбеди итни 4 милиони евра за здравствените потреби. Министерот Димитров посочи дека се прават напори да се добие помош  и од други земји .

Шефот на унгарската дипломатија  одржа  заедничка прес конференција и  со Мицкоски. Сијарто потврди дека е дојден во Македонија на повик  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, која е сестринска партија на  владеачката Фидес на Орбан.

Мицкоски истакна дека во ситуацијата  единстевно важно во е што помошта е  пристигната и ке отиде таму каде што е најпотребно.

„Не е важно кој побарал помош, важна е помошта. Важно е дека помошта денес ќе спаси животи и ќе го заштити здравјето на оние кои спасуваат животи. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја“, рече Мицкоски.

Медицинската опрема  која ја испорача Унгарија е со потекло од Кина, со која Унгарија има интензивна соработка во борбата против епидемијата на корона вирусот.