Донација на заштитна опрема од МВР за Општата болница во Куманово
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во присуство на началникот на секторот за внатрешни работи од Куманово, Антон Витков, денеска предаде заштитна опрема на Општата болница во Куманово, составена од заштитни одела, визири, ракавици и маски кои Министерството за внатрешни работи ги доби од Словенија и Унгарија.
Чулев појасни дека преку оваа донација дава поддршка на докторите и сите здравствени лица во извршување на своите секојдневни обврски и задачи, и им изрази благодарност и почит за својата посветеност и пожртвуваност.
-Свесни сме за ризикот на кој тие се изложени секојдневно, но и нивната важност и значајност во овој момент и во таа насока и во иднина со сите расположливи капацитети ќе им бидеме од целосна помош и поддршка. Меѓусебната и меѓуинституционална поддршка е клучна во време во кое сите водиме тешка битка со невидлив непријател, истакна министерот Чулев при предавањето на донацијата.
Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева се заблагодари за донацијата и истакна дека таа доаѓа во вистински момент кога здравствените работници секојдневно ги водат најтешките битки.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж