Македонија
9. August 2016 - 15:47

Донација на Прилепска Пиварница за погодените во поплавите

Прилепска Пиварница со донирање 25.000 литри вода во шишиња и финансиски средства се вклучи во акцијата за помош на загрозените жители од подрачјатата на Скопје, погодени од поплавата.

- Прилепска Пиварница ја потврди својата општествено-одговорна страна и се обиде да им помогне на најпогодените семејства. Секогаш филантропски ориентирана, останува и натаму будно да ја следи тешката ситуацијата во која се најдоа голем број граѓани и во секој момент е подготвена да делува со секаква помош, онаму каде што тоа е неопходно, соопшти компанијата.