Македонија
13. July 2015 - 11:34

Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола доби простории на трајно користење

Општина Битола донесе одлука за давање на трајно користење без надоместок на недвижни ствари на Домот за стари лица ,,Сју Рајдер“ од Битола.

Станува збор за простории со површина од 248, 387 и 497 метри квадратни и една помошна просторија од 88 метри квадратни.

- Одлуката е донесена на наша иницијатива, со единствена цел да ни се овозможи трајно користење на објектот кој е сопственост на општина Битола. Со оваа одлука се лоцира одговорноста на установата и се овозможува соодветна грижа за објектот, односно преземање на акции за осигурување, дератизација, дезинфекција, противпожарно осигурување и други активности кои досега не беа формално прецизирани, потврди Марица Тодоровска, директорка на „Сју Рајдер“ од Битола.