Loading Video...
Спорт плус
6. February 2019 - 14:34

Доминик Парис го освои златото во супервелеслалом на СП

 
Италијанскиот скијач Доминк Парис го освои златниот медал во супервелеслалом на Мундијалот што се одржува во шведскиот ски-центар Оре.
 
Парис зад себе за идентични девет стотинки ги остави Французинот , Јохан Клари и Германцот, Винсент Крихмајер кои го поделија среброто.
 
За Италијанецот ова е втор медал од Светските првенства, откако во Шалдминг во 2013 година го освои среброто во спуст. 
 
Утре на шампионатот на програмата е трката во комбинација кај дамите, а мажите во сабота ќе се вози спуст. Тоа ќе биде нова шанса за Италијанецот кој важи за специјалист во брзинските трки да стигне до ново злато.