Тенис
10. July 2016 - 18:19

Доминација на Мареј и втора титула на Вимблдон

Шкотскиот тенисер Енди Мареј по вторпат триумфираше на Вимблдон што е негов трет грен слем трофеј во кариерата. 

Мареј ја искористи елиминацијата на Ѓоковиќ и Федерер и со доминантна игра во финалето славеше со 3-0, по сетови 6-4, 7-6 и 7-6 против Милош Раониќ. 
Ова беше меч со само еден брејк и тоа во првиот сет за Мареј. Раониќ имаше само една таква можност но не ја искористи во 5. гем од третиот сет. 
Ја немаше и сервис доминацијата на Канаѓанецот кој имаше само еден ас повеќе од Мареј 8-7.  Посебно сигурно делуваше Британскиот тенисер во тај-брејкот во вториот и третиот сет кога на противникот му дозволи само 5 поени. 
29-годишниот Мареј го играше 11-тото Грен слем финале во својата кариера додека на Раониќ ова му беше прво.