Loading Video...
Спорт плус
27. July 2019 - 17:11

Доминација на американските пливачи: Три злата во еден ден и вкупно пет за Американецот, Дресел на СП

Американецот Каелеб Дресел е најголема ѕвезда Светско првенство во водени спортови што се одржува во Гванжу, Јужна Кореја.
 
22-годишниот Американец, денеска освои дури три златни медали, а со претходните два (100 метри слободен стил и 50м. пеперутка), неговата колекција на најсјајни одличија од Мундијалот веќе брои пет злата. 
 
Откако доминантно стигна до златото на 50 метри слободен стил и тоа во време на нов рекорд на првенства, а беше убедливо најбрз и9 на 100 метри пеперутка, Дресел беше дел и од американската мешана штафета која на 4х100 метри постави нов светски рекорд.
 
И неговата 17-годишна сонародничка Раган Смит, која вчера во дисциплината 200 метри грбно постави светски рекорд, денеска исплива послабо за 34,стотинки но сепак на крајот американската тинејџерка можеше да се радува на златото. 
 
Дека Американците се една од најдоминантните нации во пливањето потврди и Кејт Ледецки која и по четврти пат во низа беше најдобра на шампионатите кога во прашање е дисциплината на 800 метри слободно кај дамите. 
 
За да не биде американската доминација комплетна се погрижи Швеѓанката, Сара Сјострам која како и поред две години во Будимпешта и во Гванжу го освои златото на 50 метри пеперутка.