Loading Video...
Ракомет
13. November 2017 - 13:00

Доминација и Вардарци во Лигата на шампионите

Вардаровите колективи продолжуваат со победите. Дамите славеа на гостувањето кај ФТЦ со што го осигураа првото место во групата, но и повеќе бодови за следната фаза. 
 
Со деветте погодоци Андреа Пенезиќ беше најефикасната вардарова ракометарка, па Хрватката заслужено се најдев во изборот на ЕХФ во трите ѕвезди на колото, а притоа го имаше и четвртиот најубав гол.
 
Штербик со 20-те одбрани го предводеше вардар во победата на гости над ППД Загреб. Голманот на Вардар едноставно беше нерешлива енигма за хрватскиот првак, а оваа негова одбрана се најде меѓу најубавите во колото. 
 
Иако беа поразени од францускиот Монпелје меѓу петте најубави голови на колото е и цепелинот на ракометарите на Металург,  Илиќ и Гуглета.