Бизнис
10. September 2015 - 19:41

Домашните компании во фокусот на Владата, низа мерки за поддршка

Домашните компании се во фокусот на владините политики. Преку ниските даноци, евтините кредити и директната помош од буџетот ќе го стимулира нивниот раст и отворањето нови работни места.

Со редица мерки Владата во изминатиот период ги намалуваше трошоците на фирмите. Намален е ДДВ за станови, за компјутери, за туризам. Намалени се царините за прехранбениот, транспортниот сектор и печатарската индустрија.  Казните се драстично намалени, а имаат и можност за вработување на нови работници без плаќање придонеси во траење од три до пет години преку проектот Македонија вработува.

- Македонските фирми имаат најниски трошоци во Европа изразено преку ниските даноци. Со ефективна даночна стапка од 7,4 проценти Република Македонија има најниска стапка во Европа. Само Македонија и Естонија овозможуваат фирмите што ја реинвестираат добивката да не плаќаат воопшто данок, за малите и мирко претпријатија, кои се околу 37.0000 овозможивме да не плаќаат данок во РМ, намалени се стапките на социјалните придонеси од 33 на 26,5 проценти., изјави Ставрески.

Во време на криза кога банките го намалија кредитирањето, Владата преку ЕИБ обезбеди евтини средства за макеоднските фирми кои ја подобрија нивната ликвидност, но и им овозможија да инветсираат и отвораат нови работни места.  

„Домашните фирми имаат на располагање 350 милиони евра со повластена камата од 5,5 проценти преку кои се реализирани над 1500 проекти, односно 1.500 фирми реализираа инвестиции преку овие средства“, вели Ставрески.

 Макеоднските компании добиваат постојана поддршка и од буџетот. Капиталните инвестиции и јавните набавки овозможуваат постојан ангажман за нив и зголемување на бројот на работниците. Само на инфраструктурните проекти ова лето се анхгажирани над 4000 работници, или најмногу досега.