Бизнис
11. March 2016 - 19:45

Домашните фирми лани инкасирале 46 милиони евра од соработката со компаниите во зоните

Како да се подобри соработката помеѓу домашните компании и странските инвеститори, да се олеснат административните процедури и да се подобрат вештините на работниците, разговараа претставниците на 15 странски компании во земјава со директорот на ТИРЗ.

- Минатата година вкупната соработка беше во вредност од околу 46 милиони евра, но се разговараше на кој начин може да се подобри таа соработка и да се зголемат тие средства за извоз на домашни стоки и услуги кон овие компании, истакна Мизо, додавајќи дека компаниите дале дополнителни идеи и забелешки како да се подобри целосното работење во зоните.

Од компанијата Ванхул која веќе работи со преку 150 домашни компании потенцираат дека постојано работат на подобрување на соработката. Најавија и отварање на тренинг центар во кој ќе се подобруваат вештините на вработените.

 Инвеститорите посочија дека се задоволни од досегашната соработка со државата. Од компанијата Костал велат за нив како млада компанија ова е особено важно. Потенцираа дека се задоволни од напредокот кој го покажуваат работниците од земјава на обуките кои ги одржуваат.

Лани извозот од зоните изнесуваше  1,5 милијарди евра, што е зголемување за 28 отсто во однос на 2014. А само во првите два месеци годинава извозот достигна 220 милиони евра.