Бизнис
27. October 2021 - 11:03

Домашната компанија Сара Фешн во East Gate Mall ја отвора својата 64та продавница

Македонскиот бренд Сара Фешн, со голема кампања и серија попусти го најавува отворањето на својата 64та продавница на територијата на Република Македонија и тоа во новиот East Gate Mаll. Во време на здравствени предизвици и финансиски неизвесност, Сара Фешн како општествено одговорна компанија веќе 22 години го гради својот имиџ водејќи се од девизата – “Квалитетот и цената пред се”! Целиот фокусот во овие 22 години е ставен на потрошувачот и неговите потреби, па затоа секој успех се споделува со верните купувачи.

“И на отворањето на нашата 64 та продавница во East Gate Mаll, акцент ставаме на потрошувачите. Со нив ја споделуваме среќата и радоста што повторно сме со уште едно продажно место поблиску до нив. Затоа на денот на отворањето на нашиот нов и модерен продажен салон, за првите 64 купувачи, подготвивме промотивни попусти од неверојатни -50% на целата сметка, а сите останати љубители на нашите производи преку целиот викенд ќе добијат намалување од -20% на сметките направени во првите три дена” – изјави Трајковска – продукт менаџер 

 

Од компанијата надополнуваат дека акцијата -50% попуст за првите 64 купувачи, по повод отворањето на 64то  Сара Фешн продажно место во East Gate Mall е само дел од многуте акции кои ги подготвуваат во периодот кој следува, а од неодамна е активна и кампања за е-продавницата sarafashion.club, каде што може да се купува онлајн од каде и да се наоѓате во Македонија.

“Активно работиме на полето на електронската продажба со специјални акции и поволности за нашите клиенти кои купуваат од дома. Нашата е – продавница sarafashion.club е 24 часа достапна за сите наши клиенти кои имаат поинакви навики. Покрај тоа што ја шириме продажната мрежа низ градовите во Македонија и соседството,истовремено се обидуваме со специфични акции да им излеземе во пресрет и на сите клиенти кои купуваат преку интернет. Горди сме што можеме да им дадеме на нашите потрошувачи понуда од секаков тип нови колекции кои месечно ги надополнуваме со различни модели и дезени, но и супер промотивни акции за нашите производи и тоа на најбрз и на најпристапен начин. Иновациите се нашиот двигател и секогаш се трудиме да допринесеме за погодности, па така во моментов на нашата официјална веб страна е актуелна кампањата за лојалти картичките, во која со секоја сметка над 1000 денари, ја добивате бесплатно истата, заедно со бесплатна достава на производите коишто ќе ги порачате, а истовремено собирате поени додека уживате во онлајн шопингот.” – додаде Трајковска – продукт менаџер

Модниот бренд Сара Фешн неуморно се развива и покрај своите 64 – ри продажни места во Македонија, поседува уште десет во Р.Србија и едно продажно место во Косово, а ова значи уште поголем поттик и задоволни потрошувачи на пазарот. Всушност, потрошувачите претставуваат мотивација за растот и подобрувањто на брендот и услугите на реномираната компанија која своите производи ги доближува до публиката по најновите светски стандарди.